Како се живее во изолираните општини? „Едно лице задолжено за храна, со децата организираме игри“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со полициски барикади на влезовите, Дебар е целосно изолиран поради појавата на коронавирусот. На улиците се забележува спорадично движење на луѓе бидејќи семејствата се изолирани. Меѓу изолираните семејства е и тоа на Ваљмир Леши кое се наоѓа спроти општината на Дебар. Леши за ТВ21 вели дека од дома излегува само еден човек за да ги купи неопходните прехранбени производи.

„Спроти зградата каде што живеам се наоѓа општина Дебар, каде се наоѓа и кризниот штаб. Се договоривме, еден член на семејството да излезе и да ги набави потребните намирници и секако треба да бидеме внимателни. Верувам секое семејство треба тоа да го практикува и да бидеме посилни во борбата, во наводници, против овој вирус. “, рече Ваљмир Леши.

Леши ги демантираше објавените информации дека има недостиг од храна бидејќи маркетите се испразнети.

„Се што е пласирано во медиумите, бидејќи и јас се занимавам со медиумите, би ги негирал. Во маркетот каде јас пазарам со моето семејство, сите цени се исти, ништо не е сменето, ниту цената на лебот, брашното, маслото, оризот, и би кажал цената на сите основни продукти за едно семејство. “, рече Леши.

Ова тој го илустрираше и со видео што го испрати до ТВ21. Меѓутоа тој вели дека изолацијата имала психолошки ефекти особено врз неговите деца.

„Тоа се забележува кај децата. Сакаат да играат со пријателите, пријателките. Верувајте ми, ова не натера да ја сфатиме важноста на поминувањето време заедно и верувам дека тоа е голема придобивка.“ изјави Леши.

Тој вели дека порано дебарчани војувале со оружје, а сега дошло време тоа да го прават во пижами седејќи од дома.

Претседателот на кризниот штаб, Хекуран Дука упати апел до Владата да одговори на нивните барања и да испрати резерви.

„Бараме од Владата да биде по ажурна кон Центарот за управување со кризи во испраќањето на нашите барања. Ние имаме наши резерви, но може да дојде и до тоа тие еден ден да се потрошат. “, рече Дука.

Тој извести дека нема новозаразени во Дебар, што значи дека бројот е 12, а тројца други се тестираат.

Мирно е и во Центар Жупа општина која исто така е во изолација.