Како Скопје остана без струја? Мепсо формира работна група за утврдување на проблемот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожар на далновод го остави вчера речиси цело Скопје и делови од Овчеполието без електрична енергија. Проблемите се отстранувале до рано утрово.

„Струјата на куса врска, на далекуводот за Бунарџик, на кој има дефект, може да достигне до 1.000 пати поголема вредност од струјата во нормална напонска состојба. За да се прекине таа струја, треба да се исклучи напојувањето. Таа се исклучува со помош на прекинувачи од двете страни на далекуводот“, велат од МЕПСО.

Според премиерот Димитар Ковачевски, се е резултат на технички дефект што се случи на еден од далноводите во Пинтија кои го напојуваат Скопје.


„Се работи за технички квар кој што се има случено на еден од далноводите кои што го напојуваат Скопје кој што се наоѓа во Пинтија, има изгорено изолатор на виоско-напонскиот далновод, како резултат на тоа се има случено опожарување на сламата во околината, при што системите за заштита на Мепсо веднаш реагирале, тоа се сложени системи кои што прават заштита на трафостаници кои го напојуваат Скопје“, рече Ковачевски.

Надлежните се без одговор зошто гореше и далноводот во Бунарџик и дали станува збор за преоптоварување на мрежата, но тврдат дека трафостаницата во Бунарџик не претрпела никакви оштетувања и е функционална.
Од страна на Мепсо фомирана е работна група која треба подготви извештај за тоа како дошло до дефектот.