Како во акциска комедија: Кражба на сеф во скопско Црниче која стана вирална на социјалните мрежи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако алармот правеше голема врева и целата населба ја крена на нозе, тоа не ги спречи крадците да ја завршат до крај работата која ја започнаа.

Четири лица ја скршија вратата на еден маркет во скопско Црниче од каде го извадија сефот, од банкоматот.

Сакаа да го стават во багажот на автомобилот со кој предвиделе да ја вршат кражбата, но багажот изгледа е премал за сефот кој го украдоа.

Откако го ставија во багажот, сефот им падна.

Но нивната одлученост за кражба немаше крај. Се вратија, го товарија пак  и си отидоа.

Полицијата работи на случајот, а техничкиот министер на МВР, Панче Тошковски, рече дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Се уште не се знае колкава сума на пари имало внатре,  и вредноста на направената штета од оваа кражба.