Како земјата која е меѓу големите жаришта на коронавирусот, нема ниту еден смртен случај?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бутан е една од земјите која што најдобро се справи со пандемијата на коронавирусот. Оваа држава имаше само 76 регистрирани случаи на Ковид-19, без смртни случаи, иако се наоѓа меѓу две големи жаришта – на север со Кина и на југ со Индија.

Интересно е тоа што првиот счучај бил регистриран кај државјанин на САД, а веќе 38 лица се целосно заздравени.

Бутан има 770 илјади жители, и скромна здравствена инфраструктура.

Една од причините зошто Бутан одлично се справи со пандемијата е воведувањето на 21-дневен карантин за сите жители кои се враќаат од странство. Од почеток беа воведени мерки на затворање на училиштата, градинките, кафулињата, дискотеките, а од луѓето беше побарано задолжително држење на дистанца.

Властите воспоставија Национален план за подготвеност и одговор долго време пред да се открие првиот случај. Веднаш штом беше регистриран првиот случај, Бутан ги затвори границите за странски државјани.

Владата исто така започна промотивна кампања за да им даде насоки на своите жители, секојдневно низ прес-конференции и преку социјалните мрежи.

Сега Бутан планира отворање на границите, а од денеска па натаму отворени се училиштата, границите, јавниот превоз, верските објекти…