Амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер и денеска го повтори ставот дека не може да сугерира ниту да претпостави што треба да преземе владата во случајот Мерко, но додаде дека како амбасада, ја поздравуваат секоја постапка на владата која покажува дека ваквите одлуки се сфаќаат сериозно.
-Ќе продолжиме да набљудуваме, да видиме каков ефект има. Знам дека имаше одредени гласови во Владата, и постапки за сериозно сфаќање на последното прогласување и за следење на истото и ние аплаудираме на тоа-рече Агелер.
Меѓутоа Агелер зборуваше за ефектот на црната листа кај лицата кои се на таа листа на санкции.
-Нас често не прашуваат дали е ефикасна, дали прави некаква разлика? Во многу случаи, да, веруваме дека прави разлика. Прави бидејќи тангира индивидуи, нивните семејства и можноста за често и слободно движење. Црната листа на САД шесто ги охрабрува други земји партнери да направат слични вакви прогласувања и испраќа порака дека ние сериозно ја сфаќаме корупцијата-изјави Агелери.
Претседателот на државава, Стево Пендаровски до сега за медиумите не го кажа својот став за случајот со Мерко, но рече дека САД се секогаш за напредок на земјава.
Рамиз Мерко е еден од политичарите кој се најде на црната листа, по екс премиерот Никола Груевски, екс директорот на УБК, Сашо Мијалков,лидерот на ДПА, Мендух Тачи, екс пратеникот Џеват Адеми и неколку други.
