Каков претседател сакаат граѓаните? Работник, водач, патриот, да работи за народот…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Каков претседател сакаат граѓаните?

Ова прашање им го поставивме на неколку граѓаните во Скопје на првиот ден од претседателската кампања, каде во трка се 7 кандидати.
Посакуваат, кој и да победи, да работи за народот и семејството.

Еден воопшто и не сакаше да коментира за политиката во Македонија.

-Какви особини треба да поседува идеалниот претседател на државата?
-За Македонија не ме прашувај!

Неки други на иднината гледаат со скептицизам, бидејќи мислат дека функционерите не се грижат доволно за народот.


-Како треба да работи и какви особини треба да има?
-Дојди Рамче кажи ти нешто?
-Некој што ќе дојде следен?
-Тој работи, тој зема плата, за него нема проблем, но тоа што е важно за народот никој не работи за тоа, ни владата, ни претседателот ни пратениците…

-За себе работат, за народот воопшто.
-Што треба да работи, што мислите?
-Да ја гради економијата.

Еден друг ни рече дека доволно е да биде способен да ги врши своите задачи.

Првиот круг на претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај заедно со парламентарните.