Претседателка на правната комисија на СДСМ, и поранешна пратеничка Снежана Калеска-Ванчева, вчера во гостување во Телевизија 24, зборуваше за случајот „Пулс“ во Кочани. Таа кажа дека за овој случај има многу обвинети, и дека предмето се претворил со „ново змиско око“.
„Многу обвинети, а малку виновни. Или, виновни тие што не треба да бидат. Го следам случајот, и се надевам дека ќе бидам побиена и на крајот ќе имаме пресуда која ќе потврди вистинска одговорност, но да гоните толку луѓе под иста квалификација како соизвршители. Ние имаме случаеви кои што знаеме како завршија. Жал ми е, но мислам дека ова ќе се претвори во едно ново „змиско око“, и трагично за родителите за луѓето коишто ги изгубиле најмилите, но трагично е и за државата којашто не собра сила да одговори на предизвици. Зарем не научивме ништо од минатото?“, вели Калеска-Ванчева.
