Дали Фатмир Дехари, актуелен градоначалник на Кичево, е лицето кое ДУИ размислува да го именува за министер, во рамките на реконструкцијата на Владата, која, како што велат изворите на ТВ21 ќе се случи кон крајот на мај? Ако коалиционите партнери СДСМ и ДУИ се согласат дека со МВР треба да раководи Албанец, името кое се спомнува за оваа функција е токму Фатмир Дехари. Доколку се случи тоа, тогаш ДУИ ќе мора да се откаже од некое важно министерство, како што е МНР. На прашањето на ТВ21 во однос на оваа тема, Дехари со одговор дека во моментов негова обврска како градоначалник е да ги врши задачите за кои ја добил довербата на граѓаните на Кичево.
„Го ценам секој кој ја вреднува мојата работа, кој ја вреднува работата на општина Кичево, но ова останува во рамки на шпекулации. Јас сум избран од страна на граѓаните, со толкава посветеност, со толкав труд, знаејќи ја истовремено и албанската дијаспора за да ги реализирам работите што ги покрива локалната власт“, рече градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари.
Ако погледнеме наназад, ДУИ е партија која пред локални избори знае да направи промена на својот кадар, преместувајќи ги од извршната власт во одредени општини.
На пример во 2013 година, Невзат Бејта од министер за локална самоуправа се кандидираше за градоначалник на Гостивар, а во неговата министерска фотелја седна Тахир Хани.
Истата година, Теута Арифи од вицепремиерка за европски прашања премина во општина Тетово.
Нејзиното место во Влада го пополни Фатмир Бесими, кој беше министер за одбрана, ресор во кој пак дојде Талат Џафер.
