Албанците од Прешево, Медвеѓе и Бујановац се дискриминирани што се однесува до употребата на албанскиот јазик и националните симболи, рече Шаип Камбери, единствениот пратеник Албанец во српскиот парламент. Според Камбери посериозно е прашањето бидејќи Албанците не се интегрирани и не чекорат пропорцијонално со институциите на Србија.
-Имаме два нивоа на дискриминирање. Како прво е законот, како што спомнав знамето е забрането и Србија е единствената држава која забранува со закон употреба на национални симболи. Во РСМ е регулирано, во Црна Гора е регулирано, во Косово оваа тема никогаш не беше проблематична, во Хрватска исто така е регулирано. Србија останува единственото место каде се забранува со закон. Го имаме и другиот аспект каде законот е позитивен од афирмативен однос со малцинствата, имаме пречки кои не доволуваат реализација на правото. Албанците се дискриминирани во многу аспекти, а првото и најважното е прашањето на еднаквото и пропорцијоналното неинтегрирање со државните институции, изјави Шаип Камбери, претеник албанец во Собранието на Србија.
Друга загриженост поради која неодамна протестираа Албанците од Прешевската Долина е пасивирањето на адресите на Албанците таму, што тие го опишуваат како дискриминација врз нив од страна на српските власти. Според пратеникот Камбери, политиката има преземено многу активности во оваа насока, но нема резултати.
-Како резултат на тие акции, документите, пријавите кои сме ги направиле, ние го спомнавме и овој проблем во извештајот на стејт департаментот и во една резолута на ЕП и извештајот на прогресит за чекорењето на Србија во правец на ЕУ. Од политички аспект тоа е спомнето, проблем е што се уште немаше некаква сериозна реакција од овие институции кон Србија за да се спречи оваа пракса, изјави Шаип Камбери, претеник албанец во Собранието на Србија.
Според пописот на населението од 2022 година, Албанците се четвртото малцинство според големината во Србија со над 61 илјади граѓани.