Камбовски: Во случајот „Пулс“ судот мора јасно да ги диференцира оние што навистина придонеле за трагедијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Судскиот процес за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ останува еден од најсложените поради големиот број обвинети и обемната документација.

Професорот Владо Камбовски во изјава за ТВ21 порача дека клучниот предизвик е утврдувањето на каузалната врска – кој точно, со кое дејствие и во кој обем придонел за настанот.

„Верувам дека ќе дојде до диференцијација на оние кои што непосредно учествувале во самиот настан, имаат придонес за самиот настан, од оние што овозможувале услови макар и смислено или на небрежен начин. Проблемот е кај ваквите комплексни случаи на утврдување на каузалитетот, каузалната врска“, истакнува Камбовски.

Процесот продолжува со детално разгледување на доказите за да се утврди индивидуалната одговорност за трагедијата во која загинаа 63 млади луѓе.