„Камен темелникот на Коридорот 10Д ќе се постави на 12 мај“ – Груби: Колку подолго траат работите толку поскапо ќе платиме

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Доколку не се усвојат предлог законските измени во Собрание кои се однесуваат на олеснувањето на работите за четирите автопати од коридорот 8 и 10Д, градежните работи  ќе траат подолго и проектот ќе чини поскапо. Вака истакна првиот вицепремиер Артан Груби на брифинг со новинарите. Груби кој е и координатор з мониторинг на работите и активностите на проектите, рече дека не се знае колку може да чинат евентуалните доцнења.

„Или ќе биде пократко и поевтино или ќе трае подолго и поскапо. Не можеме да кажеме колку би била сумата за проектот доколку се продолжи рокот од 4,7 години. Доколку нема доволно работна сила, ќе се увезе од надвор и никој нема да ги принудува нашите работници да работат“, вели Груби.

Камен темелникот на коридорот 10Д ќе се постави по 1 мај, или поточно на 12 мај, а локацијата се уште не се знае. Според Груби, договорот со Бехтел и Енка за коридорот 8 и 10Д не може да биде јавен бидејќи е класифициран како таен бизнис и на барање на компанијата договорот не се објавува.

„Владата нема да го стави на располагање на јавноста овој договор за изградба на коридорите бидејќи е доверлив и ова не е прв ваков договор потпишан во Македонија“, додава Груби.

Инаку првиот вицепремиер Груби беше прашан и за церемонијата на која се одбележа објавувањето на таблата за коридорот 8, а за тоа рече дека трошоците ги покрива изведувачот.