Искршено стакло на српски автобус кој превезувал руски туристи во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Туристички автобус од српски превозник, кој пренесувал руски туристи, бил искршен во центарот на Скопје.

Инцидентот го потврдија и од МВР.

„На 26.06.2021 во 09.10 часот во Полициската станица Центар, С.К.(47) од Република Србија пријавил дека во периодот од 19.20 часот на 25.06.2021 до 07.30 часот на 26.06.2021 непознат сторител со тврд предмет извршил оштетување на возачко стакло на автобус со српски национални ознаки, сопственост на превозно претпријатие од Бачка Паланка, Србија, кој тој го паркирал на паркинг простор на ул.„Филип Втори Македонски“. Според пријавеното, освен оштетување на стаклото, сторителот не одзел ништо од автобусот. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, велат од МВР.

Според раководителот на сообраќајот на компанијата, руските државјани биле на патување на земјите во регионот. Автобусот бил паркиран во центарот на градот, а туристите и возачот заминале на спиење. Меѓутоа се случил инцидент откако непознати сторители го оштетиле возилото и го исркшиле стаклото.