Камерите на „Безбеден град“ од утре активни во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од утре, 12 октомври, започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид. По завршувањето на сите технички проверки и тестирања, камерите официјално ќе ги снимаат сообраќајниците во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека со активирањето на системот ќе се овозможи континуирана контрола, полесно откривање на прекршоците и зголемување на сообраќајната дисциплина. Од МВР апелираат возачите доследно да ги почитуваат правилата и да придонесат за поголема безбедност на патиштата.

Системот „Безбеден град“ влезе во функција на 1 февруари годинава, а по првичниот период на адаптација веќе ги дава првите резултати. Според податоците од МВР, бројот на повредени во сообраќајни несреќи годинава е намален за 20 проценти, односно регистрирани се 34 жртви помалку во споредба со истиот период минатата година.