Овој камион со скопски регистарски таблички во 7 часот се преврте на патот Скопје – Блаце. Камионот дошол од Турција и се движел кон Косово. Во несреќата нема жртви,а возачот кој изгубил контрола над возилото, за среќа поминал без сериозни повреди.
„Овој камион се превртел околу 7 часот наутро на патот Скопје – Блаце. Според тоа што ни кажаа патниците кои беа присутни овде, несреќата не се случила поради судир со друго возило, туку тој сам се превртел. Што се однесува до возачот, членовите на неговото семејство дошле да го земат и тој не е во тешка здравствена состојба“, вели репортерката на ТВ21.
Поради тоа сообраќајот беше блокиран во двата правци и се создаде долга колона. Со оглед на тоа дека камионот бил товарен со 25 тони пластика, требаше време прво да се растовари, а потоа да се отстрани од патот.
„На 09.03.2024 год. во 06:50 часот на магистрален пат Скопје – граничен премин Блаце случена е сообраќајна незгода при што ТМВ МАН изгубил контрола и истиот се превртел на коловоз при што се зафатени двете коловозни ленти, повредени нема. Известени се ПС за ГП Блаце и сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци. На лице место се растовара роба од камионот од околу 25 тона пластика за ПВЦ и присутна е и служба од царина.“, стои во соопштението на МВР.
А поради блокадата на патот, како алтернатива се користеше патот кон село Блаце.
