Кампања во време на коронавирус, препораки на Министерството, или партиски собири?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче запрашан дали покрај мерките што се донесени има можност да се откажат предизборните кампањи во кои учествува и неговата СДСМ, не одговори конкретно и рече дека засега е тешко да се предвиди како ќе се развива состојбата.

„Ние сме сега навистина целосно фокусирани на справување со овој проблем со корона вирусот. Може да има ситуации кои што сега не можеме да ги предвидиме и затоа практично секојдневно и во континуитет ја следиме ситуацијата.“, рече Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција критикуваше како министерот Филипче ја менаџира состојбата со корона вирусот и бараат покрај донесените да има и дополнителни мерки. Но на прашањето дали тие ќе ги почитуваат мерките, дали ќе се откажат од денешната предизборна конвенција закажана во Македонската филхармонија за да се одбегнат собири и дали ќе ги повикуваат граѓаните за време на кампања, оттаму велат.

„Денеска настанот се одржува во сала која што не собира илјада луѓе. Нема да се одложи, но препораките се, односно забраната е до илјада луѓе затворен или отворен простор.“, изјави Игор Николов.

И од ДУИ ги повикуваат граѓаните да се придржуваат до мерките и препораките за да се спречи натамошно ширење на вирусот. Велат дека нивните настани ги откажале, иако уште вчера беше закажан централен совет во салата на општина Чаир.

ДУИ на време информираше дека серија активности кои што беа претходно планирани се откажани. Токму новонастанатата ситуација, токму поради актуелната состојба и средбите, поголемите собири со граѓани веќе се откажани.

Премиерот Оливер Спасовски на вчерашната седница покрај заострените мерки за утре свика средба на политичките партии во врска со тоа како ќе се води претстојната предизборна кампања во време на корона вирусот.