„Канада не е вистинска земја“, вели Илон Маск за петицијата да му се одземе канадското државјанство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шефот на американското Министерство за владина ефикасност (DOGE), Илон Маск, одговори на петицијата со илјадници потписи од Канаѓаните кои бараа да му се одземе канадското државјанство, објавувајќи на X дека Канада не е „вистинска земја“.

Претходно, повеќе од 160.000 Канаѓани потпишаа онлајн петиција со која бараат на Маск, кој е канадски државјанин од 1989 година, да му се одземе државјанството поради наводно мешање во канадските избори и дејствување против интересите на земјата.

Петиција за одземање на канадското државјанство на Маск, поради неговите блиски врски со американскиот претседател Доналд Трамп, кој постојано јавно ја изразуваше својата желба Канада да стане дел од Соединетите Американски Држави, беше покрената во Долниот дом од страна на Квалија Рид од Британска Колумбија.