Канада, Норвешка и САД по првпат ќе учествуваат во одбранбен проект на ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Проектот Воена мобилност на европскиот заеднички одбранбен систем по првпат ќе ги отвори своите врати за учество на трети земји, во овој случај Канада, Норвешка и САД.

Земјите членки на ЕУ денеска дадоа зелено светло за овој предлог на Холандија, која го координира проектот, да се поканат овие три земји во рамките на Воена мобилност.

Воена мобилност е стратешка платформа чија цел е да овозможи непречено и брзо движење и размена на воена опрема и персонал ширум ЕУ, што треба да го зајакане капацитетот и подготвеноста на ЕУ да се мобилизира за воени операции.

-Денеска Советот на ЕУ го одобри учеството на САД, Канада и Норвешка во проектот Воена мобилност на Постојаната структурирана соработка (ПЕСКО). Нивната експертиза ќе придонесе за проектот и со тоа ќе ја подобри воената мобилност во и надвор од ЕУ. Оваа област е заеднички приоритет и интерес во нашите трансатлантски односи, ќе ја направи одбраната на ЕУ поефикасна, и ќе ја зајакне нашата безбедност, изјави денеска високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел.

Во ноември 2020 ЕУ усвои одлука со која, под одредени услови, се прифаќа учество на трети земји во операциите на ПЕСКО.