Тешка сообраќајка кај Охрид: Возач загина откако возилото се запалило по удар во кучиња

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 02.09.2026 во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид- Кичево, патничко возило „хјундаи гец“ со охридски регистарски ознаки, удрило во кучиња- скитници, а потоа и во метални браници на патот и се запалило.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, пожарот е изгаснат, а во возилото е пронајдено телото на починатиот возач.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено во Судска медицина за обдукција и за утврдување на идентитетот на лицето.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид и за време на увидот сообраќајот на магистралниот пат бил пренасочен по регионалниот пат Охрид- Струга.