Каналите во Амстердам ќе добијат скали за мачките да можат да се спасат откако ќе паднат!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Властите во Амстердам ќе изградат специјални скали на често високите и лизгави ѕидови на градските канали за да им овозможат на мачките да избегаат откако ќе паднат во водата, објави во вторник дневниот весник „Хет Парул“.

Според весникот, градскиот совет даде зелено светло за мерката.

Изградбата на скалите за мачки, или „Kattentrapjes“, ја предложи советничката Џудит Кром од Партијата за животните (PvdD).

Таа нагласи дека каналите во Амстердам станале смртоносна стапица за мачките, при што 19 животни се удавиле во нив само во последните шест месеци.

Мачките можат да пливаат и да останат на вода доста долго време, но во одреден момент мора да се вратат на суво за да избегнат давење.

Службата за спасување на Амстердам сега ќе помага во идентификувањето на каналите што се особено опасни за мачките пред да започнат градежните работи.