„Канализацијата во Страчинци, готова до Бајрам“ – Изведувачот ветува, Нуредини советува да не брзаат, туку да се направи добро

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е селото Страчинци, североисточно од Скопје.

По 40 години проблеми, започна поставувањето на фекалната канализација.

Вака изгледа проектот од 6км.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, дојде за да види како се одвива динамиката од втората фаза на проектот, а посака работите да се одвиваат добро.

„Со лесно“.

Потоа Нуредини го праша изведувачот за текот на работите.

„Приватниот сектор ветува, да знаете, не ветуваат политичарите. Ние сметаме дека ќе биде во рок и како што треба, не за три месеци“, вели Насер Нуредини.

-Скептик сте г. Нуредини?

„Не, не сум скептик, секогаш сум реалист, немаме потреба да брзаме, треба да се направи како што треба“, вели Нуредини.

За завршување на работите, поскептични од министерот беа жителите на селото Страчинци.

„Со години го имаме овој проблем, околу 40 години. Не знаеме, има многу работа тука, не е за два-три месеца, или четири-пет, има подолг рок“.

„И да трае на пример три месеци или шест, ние чекавме 40 години, сега сме задоволни што оваа работа се реализира, нашиот сон се реализира, но водата е проблем. Изгледа ги смениле работните проекти, прво требаше водовод а потоа канализација, кај нас почнаа обратно“.

Нуредини рече дека не сака да се даваат рокови заради климатските услови, а ги покани општините да соработуваат со централната власт за вакви проекти.

„За жал, тешко е да зборуваме во 21 век за канализација и водовод во нашите населени места, но тоа што е важно е дека создадовме финансиски услови за општини да доставуваат барања за финансиска поддршка и да продолжиме да инвестираме“, вели Насер Нуредини.

Присутен на терен беше и градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

Ова село освен проблемот со канализација, се соочува и со недостиг од водовод. Жителите се пожалија дека преку лето немаат вода и по три дена.