Капитенот Енис Барди со силна порака: Македонија секогаш наоѓа сила да се врати и ќе се вратиме!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По четирите порази во Лигата на нации без постигнат гол, со емотивна порака се огласи капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди.

„Дадовме сe од себе се боревме до крај но некогаш ни максимумот не е доволно. Многу тешки денови поминавме, за секој било тешко, идеме заедно да се вратиме подобри. Само критика и машки да се вратиме. Разочарувањето боли.. Но ако нешто научивме низ годините, тоа е дека Македонија секогаш наоѓа сила да се врати. ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ. МОРАМЕ ДА СЕ ВРАТИМЕ! Главата горе. Ова не е крајот на нашата приказна“, напиша капитенот Барди во објава на Инстаграм.