Од погон на италијанска винарија во Фиренца биле украдени 30.000 шишиња вино, чија вкупна вредност се проценува на пет милиони евра, пренесуваат денеска италијанските медиуми.
Според весникот „Кориере дела сера“, ова е најголемата кражба на вино според вредноста на украдената стока што некогаш е регистрирана во Италија.
Група од најмалку седум лица ја извела кражбата во ноќта меѓу саботата и неделата, кога успеала да однесе пратка вина од винаријата „Марчези Антинори“. Цената на шише од украдените вина се движи од 120 до 300 евра.
