Карантин за градовите со загаден воздух, над 3 илјади лица умираат поради загадувањето

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Енормната загаденост на воздухот во земјава е алармантна и поради тоа треба да се воведе карантин, вели екологот Африм Османи. Тој додава дека бројот на починати како последица од загадениот воздух е двојно поголем од бројот на починати од корона вирусот.

„Која е логиката за 1600 починати да се воведе карантин, вонредна состојба, а да се занемарува тоа што 3 илјади лица годишно умираат од аеро загадување. Во целина ова го земаме несериозно.“, вели Османи.

Професорот Османи вели дека полицијата како што казнува за неносење маски исто треба да казнува и за загадување на воздухот.

„Анти-ковид мерките се носење маска како што е случајот со носење маска поради аеро-загадувањето. Потоа е сообраќајот кој е еден од главните фактори за загадување, треба да има рестрикции во сообраќајот и на крајот зошто да не и карантин на населението воопшто.“, рече Османи.

Скопје, Тетово, Куманово и Кавадарци се меѓу најзагадените градови во светот. Доколку ПМ10 честичките два дена едноподруго го надминуваат прагот над 175 ПМ10 тогаш владата излегува со препораки.

-Да се ослободат од работа бремените жени, лицата над 60 години како и лицата со хронична астма
-Да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено
-Вршење чести контроли на филтрите

Според истражувањата греењето е една од причините за загаден воздух, а Град Скопје неколку пати по ред даваше субвенции за инвертори но тоа не е доволно за намалување на загаденоста. Најголемиот дел граѓани се греат на дрва. Од друга страна возилата се втора причина за загадениот воздух но се уште не се во функција еколошките налепници во црвена, жолта и зелена боја за класифицирање на возилата според скалата на емитување гасови.