Карантин за високите раководства во Пентагон по изложеност со коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Високиот генерал на САД, Марк Мили и неколку членови на Здружената команда на штабот се ставени во карантин, откако висок функционер од крајбрежната стража бил позитивен на коронавирус, изјавија неколку американски одбранбени претставници за Си-Ен-Ен.

Заменик командантот на американската крајбрежна стража, адмирал Чарлс Реј, испаднал позитивен на тестот вчера.

„Во понеделникот, заменик командантот на крајбрежната стража, адмирал Чарлс Реј испадна позитивен на КОВИД-19. Тој беше тестиран ден откако почувствувал благи симптоми за време на викендот“, истакнаа од крајбрежната стража денеска.

„Крајбрежната стража ги следи утврдените протоколи за ковид-19. Според упатствата на ЦДЦ, секој персонал во крајбрежната стража што бил во близок контакт, исто така, ќе биде ставен во карантин. Во согласност со утврдените политики на Крајбрежната стража, адмиралот Реј ќе биде во домашен карантин“, се вели во соопштението.

Реј неодамна присуствуваше на неколку состаноци во Пентагон во безбедни области со членови на Здружените началници.

Повеќе службени лица за одбрана за Си-Ен-Ен велат дека високи претставници на Пентагон кои биле во близина на Реј биле тестирани и чекаат резултати.

Како претпазливост, Мили работи од дома, вели официјален претставник на одбраната.

Мили досега имаше негативен тест, а како главен воен советник на претседателот Доналд Трамп, тој одржува комплетен доверлив пакет комуникации од неговиот дом, рече официјалното лице.

Шефот на Генералштабот на американското воено воздухопловство Чарлс Браун, началник на поморските операции, адмиралот Мајкл Гилдеј и началникот на вселенските операции, генерал Џон Рејмонд, исто така работат од дома.