Карантинот во Дебар даде резултат – постапката за респиратори завршена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

6 жртви и 54 новозаразени е билансот во последното деноноќие како резултат на Ковид-19. 4 пациенти починале на Клиниката за инфективни болести, а двајца во болницата „8-ми Септември“ во Скопје. Министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека најголем број заразени има во Куманово-23, а во Кичево веќе е регистриран и првиот позитивен случај.

Вкупниот број на заразени во земјата е 908, 44 починати и 86 излекувани од коронавирус. Во Дебар е регистриран најголем број пациенти кои успеале да го победат вирусот. Филипче извести и за состојбата на хоспитализираните пациенти.

Како што вели првиот човек на здравство, веќе е завршена постапката за набавка на нови респираторни апарати, кои се очекува наскоро да пристигнат во земјата.