Кардиналите во Ватикан денеска ја одржуваат последната конгрегација пред Конклавата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кардиналите на Римокатоличката црква денес ќе ги одржат своите последни разговори на последната општа конгрегација, но ќе одржат и неформални разговори во ходниците на Ватикан, пред утре да започне Конклавата за избор на наследник на починатиот папа Франциск.

Вкупно 133 кардинални електори се во Рим, а утре првото гласање за избор на 267-миот папа ќе се одржи во Систинската капела, јавува Анса.

„Република“ денес објави дека во последните денови неколку групи кардинали биле видени на вечери и собири, иако според правилата, тие не треба да водат „изборна кампања“.