Карикатури на Зоран Заев, Бујар Османи, Никола Димитров и Владо Бучковски постави денеска ВМРО-ДПМНЕ пред објектот на Владата. Членот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов изјави дека овие функционери се далтонисти кои не смеат да одлучуваат за промена на македонскиот идентитет.
Сопцијалдемократите ја обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека е анти-државна и анти-европска партија која шири лаги и дезинформации кои им штетат на обидите за евро-атлантската интеграција на земјава.
Инаку претседателот на ДУИ, Али Ахмети неколку пати изјави дека верува во решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија и дека очекува Бугарија да ги надмине чувствителните теми. Тој смета дека од голем интерес е да не изгубиме чекор за членство во ЕУ.
