Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека актуелниот конфликт на Блискиот Исток е неуспех на меѓународниот поредок и дека САД не се консултирале со своите сојузници пред да го нападнат Иран.
Американските и израелските сили започнаа напади врз Иран во саботата откако преговорите за нуклеарната програма на Техеран беа во застој.
Војната оттогаш се прошири надвор од границите на Иран, со ирански одмазднички напади насочени кон земјите од Персискиот Залив, вклучувајќи ги Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Катар, како и американските амбасади во Саудиска Арабија и Кувајт, што го натера Вашингтон да ги затвори дипломатските мисии низ регионот.
„Актуелниот конфликт е уште еден пример за неуспехот на светскиот поредок, и покрај децениските резолуции на Советот за безбедност на ОН, санкциите на Меѓународната агенција за атомска енергија и воспоставените дипломатски рамки“, рече Карни за време на посетата на Австралија во говорот во Институтот Лоуи во Сиднеј.
„Иранската нуклеарна закана продолжува, а сега САД и Израел дејствуваа без да се ангажираат во ОН и без да се консултираат со сојузниците, вклучително и Канада.“, додаде тој.
