Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами смета дека општините треба да имаат повеќе надлежности и власт, а тоа според него се прави преку децентрализација за доброто на граѓаните. Но тој сепак е скептик бидејќи, како што вели, се се политизира.
-За жал со се и од се се прави политика, во случајов јас сметам дека процсот на децентрализација нема ниту политички граници ниту етнички, туку е во интерес на сите граѓани и со цел власта да биде поблиску до граѓаните, а децентрализацијата подразбира дека што повеќе власт добијат општините таа власт ќе им биде на услуга на граѓаните.-вели Касами.
И министерот за локална самоуправа смета дека Тетово и некои други поголеми општини треба да имаат повеќе надлежности, но вели дека тоа зависи од волјата на политичките партии.
Од општина Тетово бараат на општините да им се доделат повеќе финансиски средства преку фискална децентрализација и повеќе надлежности во процесирање на урбанизмот.
