Биљал Касами, лидер на партијата Беса, која е во коалиција со СДСМ и дел од Владата вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
Тој вели дека Беса ќе бара одговорност за бегството на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.
„Ова веќе ги надминува сите граници. Да, ние сме дел од Владата и затоа ќе бараме директна одговорност. Ќе почекаме уште малку да видиме како ќе се одвиваат настаните понатаму, и ако нема резултат ќе бараме одговорност“, посочи Касами.
Тој смета дека институциите, но и Владата во која се дел, имаат голема одговорност.
„Мијалков не беше обичен човек, туку човек со повеќе кривични дела. Имаше индиција и дека ќе побегне, затоа требало да се внимава максимално“, порача Касами.
Тој додава освен Владата, директно одговорни се полицијата, обвинителството и судството.
