Касами: Кога ќе имаме потреба од Села во Владата, ќе ги разгледаме неговите барања

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Билал Касами од ВЛЕН, изјави дека актуелно парламентарното мнозинство нема потреба од проширување на бројките.

Коментирајќи ги изјавите на Зијадин Села во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, Касами рече дека неговите барања ќе бидат разгледани доколку се појави потреба.

„Г-дин Села, доколку е заинтересиран да биде дел од Владата… ние сме кажале дека во моментов не гледаме потреба од проширување на парламентарното мнозинство, но доколку се појави таква потреба, ќе ги разгледаме и барањата на г. Села. Во моментов, повторувам, ние не сме ги разгледувале како такви… тоа се ставови кои сме ги слушнале во јавноста дека тој ги има изнесено, но не сме ги разгледувале бидејќи во овој момент не оценуваме дека парламентарното мнозинство има потреба од зголемување на бројките“, истакна Касами.