Биљал Касами, лидерот на БЕСА е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Касами вечерва ги нападна ДУИ и нивните министри. Претходно кажа дека ДУИ многу ветуваат пред избори, а потоа ништо не прават, а сега рече дека министрите од редовите на ДУИ се смешни, со тоа што промовираат проекти кои не се во нивна надлежност.
„Министрите на ДУИ се смешни. Промовираат проекти кои не се во нивна надлежност. Проекти за кои немаат ништо направено повеќе од 15 години, и сега излегуваат на прес-конференции и ги промовираат како нивна заслуга. Тие проекти се проекти на владата предводена од Заев. На пример најавената инвестиција на Попова Шапка, патот Блаце – Скопје и други проекти се проекти на оваа влада предводена од Заев, а не од ДУИ. затоа замолувам да не трчаат да промовираат проекти за кои не направиле ништо 15 години“, вели Касами.
