Двајца малолетници уапсени во Скопје, осомничени за разбојништво во обид

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Двајца малолетници од Скопје, на возраст од 15 и 13 години, се лишени од слобода поради сомнение дека извршиле разбојништво во обид.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот се случил на 10 август 2026 година, околу 20:00 часот, на булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје.

Според пријавеното, малолетниците физички нападнале 14-годишен малолетник од Скопје и се обиделе да му одземат пари. Откако не успеале во намерата, побегнале од местото.

Околу 20:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги пронашле и лишиле од слобода двајцата осомничени на улицата „11 Октомври“ на подрачјето на Центар.

Тие биле задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава за кривично дело „разбојништво“ во обид, согласно член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.