Вака пред неколку дена претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара во секое училиште да се интонира химната на РСМ. На ова одговори градоначалникот на Тетово, Биљал Касами кој рече дека за да се случи вакво нешто треба да се смени државната химна бидејќи истата не ја одразува мултиетничката различност, или во албанските општини да се интонира албанската химна.
„Знаеме дека националната химна не ја отсликува мултиетничката реалност на државата и општеството во Северна Македонија. Се додека ова е реалноста, тогаш бараме, овој став кој првично го кажав како градоначалник на општина Тетово не дека е координиран со другите партии, тогаш тоа значи дека или треба да се смени химната и да се почитува културната и етничката различност или ако се донесе одлука дека ако така треба да се интонира, тогаш мора да се почитува мултиетничката припадност на државата и општеството“, вели Биљал Касами
Запрашан дали ќе преземат ваква иницијатива за промена на химната, Касами рече дека приоритет е да се избришат 20 отсто од Уставот, како навредлив термин за албанскиот јазик.
