Во „Клик Плус“ вечерва дебатираме со претседателот на Движењето Беса Биљал Касами, како и со политичките аналитичари Алберт Муслиу и Сефер Селими. Околу можната нова коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса за Албанците и Алтернатива, коментираше Касами, кој рече дека Мицкоски не работи ништо поразлично од претходното раководство во однос на правата и подобрувањата на правата на Албанците.
„Ние сме Албанци од Северна Македонија, не сме Македонци, и затоа бараме така да пишува на личните карти“, вели Касами.
„На Мицкоски му дадов шанса да се промени, се сретнав во него во центарот на градот, но не прави ништо во овој правец. Во овој момент соработката меѓу македонскит и албанските опозициски партии не е принципиелна“, додаде Касами.
