Вакво беше ветувањето за изгледот на тетовскиот плоштад доколку на чело на општината дојде Биљал Касами.
Вака изгледа во моментов.
Помина речиси половина од мандатот на градоначалникот но работите воопшто не се започнати.
Граѓаните велат дека ова не личи на плоштад, а потсетуваат дека секогаш имало ветувања, но никој не ги одржал.
-Ветувања имало многу но работа малку, треба да се уреди, ама кој да го уреди.
-Дали мислите дека ќе го одржат ветувањето?
-Не знам, без да се реализира не можам да кажам, ветувања има многу но работа малку.
-Порано беше со фонтана и други работи, не личи вака но што да кажам.
Градоначалникот на Тетово вели дека реализацијата ќе започне наскоро.
„Избравме две групи студенти исто така одредивме и како ќе изгледа и наскоро ќе започне реализацијата. И за тој проект обезбедивме финансии, за уредување на површината на плоштадот. Во исто време следната недела ќе дојдат и архитекти од Турција ангажирани за долгорочно решение за плоштадот каде се предвидува подвозник, плоштадот да се прошири до Домот на културата и да имаме подземен паркинг и тука се работи за основниот проект. Во исто време и архитектот од Турција беше со неколку инвеститори за да види како да го изведеме тоа“, вели Касами.
Плоштадот во Тетово некогаш имаше фонтана, но истата беше отстранета во 2008 и од тогаш до сега, плоштадот е широк простор поплочен со бекатон.
