341 вработување со договор помалку реализирал градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, во споредба со вработувањата направени во времето кога со општината раководеше Теута Арифи во последната година од нејзиниот мандат.
Согласно одговорот на општина Тетово вчера за ТВ21, до септември годинава Касами ангажирал 67 луѓе преку приватната агенција „Џоб“ и уште 135 со договор.
| 2021 (крајот на мандатот на Т.Арифи) | 2022 (прва година од мандатот на Б.Касами) | |
| Вработувања со решение | 340 | 344 |
| Вработувања со договор | 544 | 135 |
| Преку приватна агенција | Нема | 67 |
Првиот човек на Тетово, Касами во „Клик Плус“ во февруари годинава рече дека во општината со која раководи биле ангажирани 543 луѓе со над 800 договори.
„544 ангажирани лица годишно. Од нив 250 поднеле извештаи, што значи дека околу 294 не доставиле извештаи за сработеното“, порача Биљал Касмаи.
Во истата емисија, Касами рече дека нема да го зголеми бројот на договори на дело од оние 40 кои ги имал ангажирано тогаш.
-Дали е можно да го зголемите бројот, освен овие 40 договори?
„Не, не верувам дека ќе се зголеми, бидејќи во општина Тетово ќе има 0 фиктивни вработувања и второ ќе има вработувања со решение или привремени или трајни вработувања, но нема да има ангажирања на работно место без решение или без плаќање на придонесите за работа“, истакна Касами.
Согласно податоците, само во 2021 година, во општина Тетово се потрошени над 1 милион евра само за договори на дело, но овие статистики се само за општината како институција, без претпријатијата и училиштата.
