Моделот со копретседатели што го избра ВЛЕН за раководење со партијата, според Билал Касами, оневозможува узурпирање на функцијата претседател и спречува да се случуваат работи какви што, како што рече, им се случуваат на други политички партии, пишува ТВ21.
Гостувајќи во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, Касами изјави дека во случаи кога другите членови на претседателството имаат заеднички став, ниту еден од претседателите не може да ја блокира партијата.
