Претседателот на Движење Беса, дел од коалицијата ВРЕДИ, Билаљ Касами, смета дека вчерашната постапка на Артан Груби од Европски фронт, со куферите пред општина Чаир е подло однесување. Според Касами, Груби на 8 мај ќе добие одговор од Албанците.
„Ние ќе му кажеме на Артан Груби почесто да излезе во јавност, и тој и Албанците знаат што значи неговото излегување во јвноста, што повеќе и да биде присутен и колку и да не напаѓа, ние сме со Албанците и ќе продолжиме да бидеме со Албанците и нашата цел е да го подобриме животот на Албанците, а целта на Артан Груби е одмазда кон Албанците. Албанците на 8 мај нема да го дозволат тоа и секако на 8 мај ќе видиме кој ќе биде одговорот на Албанците за овие ниски провокации на Артан Груби“, порача Биљал Касами.
Вчера Груби пред општина Чаир во текот на прес конференцијата со себе носеше куфер иронизирајќи ги лидерите на коалицијата ВРЕДИ да си ги земат куферите по поразот на 24 април.
„Знам пријателе, ти ја знам и позицијата, гледаш колку е убава топ листата, сега земи го куферот и оди во Шпанија! Куферот е мал затоа што работата им е толку мала, но како што рече Скендер Реџепи Зејди нека си го одржат зборот еднаш во животот, нека си дадат оставка како што кажаа, нека станат мажи, нека си го одржат зборот, нека си го одржат зборот. Овој куфер им го оставам и нека одат дома“, порача Артан Груби.
Прашањето за оставки го отвори Крешник Бектеши од ДУИ, кој побара од сите политички партии да потпишат договор со кој се обврзуваат по изборите оние што ќе загубат повеќе да не се занимаваат со политика. Овој предизвик го прифати и самиот Арбен Таравари велејќи дека секој што ќе загуби мора да се повлече и за ова се подготвени и оние од ВРЕДИ.
„Сега имаме два политички табора, мислам дека кој и да загуби, мислам дека треба да се повлече и ние сме подготвени и тоа го очекуваме и од нив“, вели Арбен Таравари.
Веднаш по објавувањето на резултатите Бектеши ги потсети на изјавата, но претставниците на ВРЕДИ не направија никаков потег, туку само рекоа дека одговорот ќе го добијат на 8 мај.
