Касами убеден за имињата на улиците во Тетово – Мицкоски: Нема да се сменат имињата, туку ќе се именуваат тие без име

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Промената на имињата на улиците во Тетово ќе се случи, а имињата ќе го претставуваат етничкиот аспект на градот и проевропската ориентација на државата, изјави градоначалникот Биљал Касами. Според него, во Тетово нема потреба да се стават квази имиња.

„Од 1990 година наваму имаме нова идеолошка ориентација, а тоа е демократија, повеќепартиски систем и проевропска ориентација и тоа е основата на овој процес за именување улици во Тетово. Дадов конкретен пример каква врска имаат Северна Македонија и Тетово со кавкази. Не сакаме да бидеме Чеченија или некоја друга земја. Македонија е европска земја и ако треба да имаме именување со некој регион, тоа треба да биде европски регион со кој треба да се идентификуваме“, рече Касами.

Касами рече дека имињата на улиците ќе се засноваат на етничката припадност, при што секоја заедница ќе избира свои имиња.

„Верувам дека самите Македонци ќе бараат да ги сменат, а ние како општина Тетово и албанскиот дел од комисијата нема да наметнуваме имиња кои имаат врска со македонската заедница“, вели Касами.

Премиерот Мицкоски рече дека не може да се променат имињата без консензус, туку дека ќе се преименуваат само улиците кои воопшто немаат имиња.

Во Тетово има вкупно 297 улици од кои 216 се без имиња и бројки. Поради оваа причина беше формирана комисијата за именување на улиците, во која членуваат и членови од СДСМ, кои први реагираа и побараа блокирање на овој процес.