Касетна бомба, која веројатно е од времето на бомбардирањето на Србија, била пронајдена денеска во близина на аеродромот „Константин Велики“ во Ниш.
Бомбата ја пронашле работници кои работат на проширувањето на аеродромот.
Веднаш била информирана екипа на МВР, а местото било обезбедено. Следува увид на местото на настанот.
Неколку српски медими пишуваат дека бомбата најверојатно е од времето на НАТО бомбардирањето.
