Катерина Зајковска официјално членка на ДКСК! Даде свечена изјава пред претседателот на Собранието Гаши

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Катерина Зајковска официјално е нова членка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), откако даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, една недела по нејзиниот избор во Собранието.

Таа беше избрана на 11 јуни со просто мнозинство, односно со 56 гласа „за“ и еден „против“, а нејзината кандидатура беше рангирана на првото место од страна на Комисијата за прашања на изборите и именувањата со 90,67 поени.

Зајковска е дипломиран економист со магистерски студии по сметководство, финансии и ревизија и беше избрана меѓу пет кандидати кои конкурираа за оваа функција.

Таа ја заменува Цвета Ристовска, која поднесе оставка во февруари по јавните полемики и постапките што ДКСК ги водеше во врска со можен судир на интереси и непријавување имот.