Ренова после три години повторно го врати Ќатип Османи на тренерската клупа. Османи во 2017 година, по пет години на клупата на „гипсарите“, замина во Шкендија каде успева да ја врати титулата во Тетово, потоа освојува уште една, пред да замине во Шкупи кој го предводеше кратко.
Ренова остана без тренер по оставката на Бујар Исљами по поразот од Струга Трим Лум во првенството во неделата од 1:0. Потоа „гипсарите“ испаднаа и од Купот на Македонија од истиот противник, со истиот резултат.
Османи тренерската кариера ја почна во Шкендија, тим кој го предводеше до својата прва титула во историјата. Османи беше во Шкендија од 2010 до 2012. Од 2012 до 2017 седеше на клупата на Ренова, а потоа се врати во Шкендија, која ја водеше до септември 2019. Истиот месец ја прифати понудата од Шкупи, и беше се до март оваа година.