Кацарска заминува, кој ќе ја наследи? – Кој и зошто и се заканувал се уште немала информации

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателката на Уставниот суд во заминување Добрила Кацарска се уште нема никакви информации за тоа кој и зошто и се заканувал. Пред две недели во подземната гаража каде што таа го паркира возилото пронашла импровизиран кревет и забоден кујнски нож за што случајот го пријавиле во МВР. Тогаш од Јавното обвинителство известија дека предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот, а за Кацарска и беше дадено обезбедување. Вели дека единствено лицето кое лично и се закани е приведено.

„До денес нема за она што беше пријавено како прв настан, немам никаква информација а за тој што лично ми се закануваше мене беше приведен во полициска станица, До каде е постапката и што се случи понатаму навистина не би можела да одговорам. Ова се закани кои што ги пријавив, но јас трпам закани неколку години наназад и така да кажам нема недела да помине а да немам некоја закана, имав и физички напад“, вели Кацарска.

На претседателката Кацарска деновиве и истекува мандатот, а за тоа кој ќе седне на нејзината позиција ќе се знае утре, кога на тајно гласање со двотретинско мнозинство судиите ќе одлучуваат кој ќе биде идниот претседател. Како претседател на Уставниот суд го помина нејзиниот мандат од три години, кое е без право на реизбор, но во останатите 6 години таа останува да работи како судија. Се пожали дека голем дел од мандатот како претседател на Уставен го поминала на работ на кворумот, а се пофали дека направила реформи за поефикасно работење.

„Народниот правобранител ќе може да поднесува барања за заштита на слободата и правата во име на  оние граѓани кои тоа сами не можат да го сторат. Овој нов акт на Уставниот суд предвидува и таканаречени контролни механизми за судиите и претседателите да не може да се чуваат предмети во фиока со години, како што за жал беше случај во минатото. Се предвидува рок од најмногу 6 месеци во кој судиите треба да го предадат рефератот и да го завршат предметот“, додаде Добрила Кацарска.

Во врска со тоа дали е согласно Уставот најавата на техничкиот премиер Талат Џафери дека ќе остане да ги врши должностите до изборот на новата Влада иако веќе му е верификуван мандатот за пратеник, Кацарска вели дека тоа не е спорно и дека тоа и досега било случај на претходните влади.