Кавга за измените на инспекторатот за јазици – ЕФ: Ќе се нарушат јазичните права, ВМРО-ДПМНЕ: Законот го гласаше и ДУИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратениците на Европскиот фронт не се согласуваат со измената на законот за употребата на јазиците со кој Инспекторатот ќе биде под надлежност на Министерството за правда. Ова е штетен чекор на власта, рече Рина Ајдари од Европскиот фронт која додаде дека отстранувањето на статусот на правно лице има за цел да се тргне независноста и да се наруши заштитата на јазичните права.

-Оваа измена која сака да се помине од парламентарното мнозинство има директни последици врз граѓаните бидејќи ќе се намали можноста да се држи одговорноста за тие кои го прекршуваат Законот за јазици. Наместо да се унапредува, овој предлог не враќа во еден централизиран систем и систем без надеж, изјави Рина Ајдари од Европскиот фронт.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ рече овој закон нема тенденција да се нарушат некои права на употреба на јазиците туку дека тоа се прави согласно Законот за органите на државната управа кој беше донесен минатата година и тоа заедно со гласовите на ДУИ. Ова е препорака од реформската агенда на Европската унија за намалување на органите на државната управа, а исто таков закон ќе се носи и за Инспекторатот за македонски јазик рече тој.

-Иако некој сака да го претстави на етно-политичка тема ова прашање е реформска тема која што е усогласување со актуелното законодавство и со повисокиот надреден Закон за органи на државна управа кој што бил изгласан со 88 пратеници од парламентарното мнозинство и пратеничката група на ДУИ. Ниеден Инспекторат не е изземен од реформската агенда која што ние е побарана од Европската комисија, изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак ова не ги смири пратениците на Европскиот фронт и побараа законот да се повлече бидејќи, како што беше истакнато тој секако немал да биде донесен со оглед на тоа што го нема бадентеровото мнозинство за гласање.