Министерството за вонредни ситуации на Казахстан соопшти дека 27 лица ја преживеале несреќата, од кои најмалку 22 се пренесени во болница. Според Министерството, загинале најмалку 40 лица. Службите за итни случаи известија дека урнатиот авион е на Азербејџан ерлајнс. Според државната агенција Казинформ, авионот летал од Баку за Грозни.
Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ што се урна во близина на казахстанскиот град Актау, превезувал 105 патници и пет членови на екипажот.
Азербејџан ерлајнс објави дека Ембраер 190 летал од главниот град на Азербејџан Баку до Грозни, главниот град на руска Чеченија, но бил пренасочен кон Актау поради густа магла.
Властите во Казахстан соопштија дека почнале да истражуваат различни можни верзии за тоа што се случило, вклучително и технички проблеми.
Во меѓувреме на социјалните мрежи се појавија драматични снимки од тоа како се вадат живи патници од авионот.
#Breaking
27 survivors of the plane crash in #Aktau, Kazakhstan, were taken to hospital, including 3 children: #Kazakhstan's Emergencies Ministry to Sputnikpic.twitter.com/pfRbrQlwcd@sputnik_ar pic.twitter.com/WBPPp6dghd— ⚡️🌎 World News 🌐⚡️ (@ferozwala) December 25, 2024