Католичките верници и дел од православните христијани, коишто се водат по Грегоријанскиот календар го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик. Во базиликата Свети Петар во Ватикан, Папата Франциск ги отвори „етитСве врати“, јубилеј што се слави на секои 25 години и се смета за време на мир, простување и помилување. Во Витлеем, родното место на Исус Христос се одбележува Божиќ по вторпат под сенката на војната во Газа додека звуците на израелски дронови се слушаат насекаде. Божик денеска слават и грчката, бугарската, романската, украинската и грузиската православна црква.
„Радоста и простувањето се неразделни – само кога ќе простиме, ќе ја почувствуваме вистинската слобода, радост и надеж, кои Христос со своето раѓање ги донесе во светот. Посакувам овој Божиќ и Јубилејната година да ни донесат изобилен Божји благослов и надеж во иднината, имајќи ја сигурноста дека за нас Бог стана човек и е со нас – Емануел“, вели Киро Стојанов.
