„Казна за нереформирано судство и администрација“ – Трошановски: Нема основа за предвремени парламентарни избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На локалните избори во 2017-та СДСМ имаше 56 градоначалници, плус Градот Скопје, а ВМРО-ДПМНЕ само 5. После првиот круг од овогодинешните избори, СДСМ има 9, а ВМРО-ДПМНЕ 22. Според експертите, пресвртот за релативно краток период се должи на партиските калкулации според кои немало реформи во судството и администрацијата. На тоа се надоврзува пандемијата и последиците од неа.

-Најголемиот пад на поддршката се должи на разочарувањето на гласачите и на нивните високи очекување од овој естаблишмент. Очекувања кои се изнедрија после повеќе години на политичка криза и заробување на државата, недостатоци кои оваа власт не успеа или не сакаше да ги отстрани. Делови на судството, на администрацијата останаа заробени исто така јавната администрација не се регформира, напротив примери на интегритет заради политички калкулации-рече Марко Трошановски.


На овие избори не се бираше само татко на општината, туку граѓаните како и на секои избори што имаат демократско право да одлучуваат, овојпат го искористија своето право да ја наградат опозиција да ја казнат власта. Дали со ова веќе може да се измери „пулсот на народот“ и дали има основа опозицијата да бара предвремени парламентарни избори:

-Видете не се согласувам дека има основа за предвремени парламентарни избори иако резулатите секако дека покажуваат тренд на зголемување на поддршката на опозицијата .Н е се согласувам, бидејќи парламентарните избори даваат мандат на четиригодишно владеење со земјата односно управување од страна на парламентот и Владата која ја избира без оглед дали во меѓувреме има локални или не-вели Трошановски.

Не е добро да се прекинува реформскиот циклус -додава Трошановски. На првиот круг од Локалните избори 2021 ВМРО-ДПМНЕ освои 288.044 гласови, а СДСМ 238.031 за 50 000 помалку.