Казни од 1.500 до 2.000 евра – забрана за движење низ шумите од 1-ви јули до 31-ви август

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од 1 јули до 31 август се воведува забрана за движење во шумите и шумските подрачја. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кое управуваат.

Забраната се воведува поради превенција и спречување на шумски пожари.

За непочитување на забраната, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, ќе им биде изречена глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

Да се инсертира со аркив шуми и планини и слично!