До крајот на годината општина Тетово ќе најде решение за сообраќајот и паркирањето- изјави првиот човек на Тетово, Биљал Касами, кој излегол да изврши увид на санирањето на дупки во градот.
„Составуваме план за решавање на прашањето на сообраќајот и паркингот. Тука е и одговорното лице на секторот каде заедно со директорот на претпријатието се обврзавме да најдеме општо решение и за сообраќајот и за паркингот. Верувам дека до крајот на годината ќе излеземе со решение и со став за прашањето за паркирање и сообраќај“, истакна Биљал Касами.
Општина Тетово пред неколку дена постави сообраќаен знак за забрането паркирање во булеварот Илинден и само во текот на вчерашниот ден полицијата изрече 49 казни за лошо паркирање.
Пред неколку недели припадници на тетовската полиција, односно секторот за патен сообраќај пред советниците рекоа дека на општина Тетово и се потребни три пајак возила, исто така побараа поставување на сообраќајни знаци и еднонасочни улици.
